По децении запоставеност, култната спортска сала „Расадник“ одново ги отвора вратите како нов дом на спортот, младите таленти и идните шампиони на Македонија.
Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска официјално ја пушти во употреба комплетно реконструираната сала „Расадник“, една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура.
На свеченото отворање на салата присуствуваа и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и градначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, активни и поранешни спортисти, спортски работници и љубители на спортот.
(фото – Министерство за спорт)📷











