Пуштени во продажба билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ

Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од 11. коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ.

Натпреварот ќе се одигра во среда (14 февруари 2024 година) во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Поединечните билети по цена од 450 денари (странични места на трибините) и 550 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/.

Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести