Екипата на Радовиш во пролетниот дел од натпреварите од Супер лигата ќе има реновирана сала “25 Мај”.
“Рк Радовиш со нетрпение очекува во новата година да ги започне своите тренинзи и натпревари во новата реконструирана спортска сала, која ќе биде со подобри услови со новиот под, реконстуираните соблекувални и трибините за гледачите. Се надеваме дека вложувањето во спортската инфраструктура во Радовиш и населените места ќе продолжи и понатаму заедно со Министерството за спорт и Општина Радовиш”, – објавија од Рк Радовиш.
(фото – Рк Радовиш)📷