Екипата на Радовиш забележа победа против екипата на Текстилец со конечни 30-25 во натпревар од Првата лига.
Составот на Радовиш го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Текстилец.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Васе Петров со девет гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Лазар Стојанов со осум гола.
(фото – Рк Радовиш)📷








