Екипата на Радовиш забележа сигурна победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со резултат 37-25.
Радовиш победата ја завери уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност од 18-10.
Најефикасен во тимот на Радовиш беше Зоран Стојановски со 10 гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Максимилијан Ѓиноски со 6 гола.
(фото – Рк Радовиш)📷