Ракометната федерација на Македонија организира ракометен турнир за помлади пионери (У13) од скопскиот регион, со цел поттикнување на спортскиот дух, развој на младите ракометни таленти и промоција на ракометот кај најмладите генерации.
Во наредниот период, Ракометната федерација на Македонија ќе организира вакви турнири и во останатите региони, со цел да им овозможи на што поголем број млади ракометари да бидат дел од оваа спортска иницијатива.
Првиот турнир од скопскиот регион ќе се одигра на 31 октомври во сабота во салата “Расадник”, со почеток од 10:00 часот.

(фото – РФМ)📷








