Ракометен турнир за помлади пионери – источен и западен регион

Ракометната федерација на Македонија продолжува со организација на ракометни турнири за помлади пионери (У13), овојпат со учество на ракометните екипи од Западниот и Источниот регион на Македонија.

Целта на овие турнири е поттикнување на спортскиот дух, развој на младите ракометни таленти, зголемување на натпреварувачките можности и промоција на ракометот кај најмладите генерации.

Турнирите од Западен регион ќе се одиграат на 7 ноември (сабота), со почеток од 10:00 часот во салата “Зоран Стојановски”, во Ресен.

Турнирите од Источен регион ќе се одиграат на 8 ноември (недела), со почеток од 10:00 часот во салата “Млаз”, во Богданци.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *