Тимот на Вардар го очекува дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен во 9. коло од Супер лигата.
Екипата на Вардар на социјалните мрежи објави дека салата “Јане Сандански” е целосно распродадена за дербито со Еурофарм Пелистер.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денеска со почеток од 17:45 часот во салата “Јане Сандански”, во Скопје.

(фото – РФМ)📷








