Екипите на Бутел Скопје и Младост Богданци одиграа нерешено со конечни 30-30 во натпревар од Супер лигата.
Иако составот на Бутел Скопје го имаше водството, но сепак тимот на Младост Богданци успеа да се избори за бод.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Дамјан Субашевски со шест гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Даниел Андоновски со осум гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷








