Екипите на Куманово и Мулти Есенс одиграа нерешено со конечни 33-33 во натпревар од Супер лигата.
Во последната секунда составот на Куманово со погодокот на Наум Костов успеа да изедначи против составот на Мулти Есенс за нерешено.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Наум Костов со 12 гола, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Јулијан Матески со 10 гола.
(фото – МРК Куманово)📷








