Екипите на Прилеп и Струга одиграа нерешено со конечни 29-29 во натпревар од 5. коло од Супер лигата.
Иако двете екипи имаа свои шанси во текот на целиот натпревар, сепак на крај двете екипи ги поделија бодовите.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Андреј Стојановски и Димитар Димитриоски со по шест гола, додека кај Струга најефикасен беше Ненад Костоски исто така со шест гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








