Екипите на Бисинов Фруит Ленд и Преспа одиграа нерешено со 27-27 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.
Иако тимот на Бисинов Фруит Ленд во првото полувреме беше во водство, и на пауза замина со предност од 16-12, сепак екипата на Преспа во второто полувреме успеа да се врати, па двете екипи да одиграат нерешено.
Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Александар Ристовски со осум гола, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Били Мишевски со 13 гола.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷