Еурофарм Пелистер

Реми помеѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг во Лисабон

Само реми помеѓу Спортинг и Еурофарм Пелистер (27-27) во Лисабон, во натпревар од Лигата на Европа.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го имаа водството во првото полувреме, и на полувреме заминаа со предност од 16-14. Составот на Еурофарм Пелистер добро го почна вториот дел од натпреварот, но сепак во финишот имаше драма на теренот, гостинската екипа имаше шанса за водство но за жал не го искористи тој напад и мораше да се задоволи со реми.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Табоада со седум погодоци. Овие две екипи за седум дена ќе се сретнат пак во Лигата на Европа во Битола.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.