Екипите на Овче Поле и Партизан Гевгелија одиграа нерешено со конечен резултат 28-28 во Првата лига.
На полувреме предност имаше тимот на Партизан Гевгелија од 13-11. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, иако Овче Поле имаше шанса за победа сепак не ја искористи.
Најефикасен во тимот на Овче Поле беше Бојан Гичев со седум гола, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со 11 гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷