Екипите на Ѓорче Петров и Куманово си ги поделија бодовите, откако одиграа нерешено со 28-28 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Во првото полувреме екипата на Куманово имаше водство, и на пауза замина со предност од 15-11. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, иако Ѓорче Петров беше во водство, сепак на крај Куманово успеа да погоди за реми.
Најефикасни во тимот на Ѓорче Петров беа Ангела Јанкуловска и Теодора Дукоска со по шест гола, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Алмеида Коста Андреза со 11 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷