Изминатиот викенд се одржа средба со соработниците и фирмите поддржувачи на клубот РК Аеродром.
Рк Аеродром и спонзорите имаа можност да се запознаат меѓусебе, да ја споделат заедничката цел за поддршка на младите ракометни таленти, како и визијата на клубот во следните 4 години.
“Ви благодариме на сите за присуството, а уште повеќе за поддршката која ни ја давате, максимално во рамки на своите можности и капацитети”, – изјавија од Рк Аеродром.
(фото – Рк Аеродром)📷