Екипата на Прилеп, која минатата сезона успеа да избори опстанок во Супер лигата, во новата сезона влегува со зголемени амбиции.
Клубот за новата сезона доби нов генерален спонзор, а тоа е компанијата “Комфи Ангел”, исто така од Прилеп.
“После низа преговори, управата на РК Прилеп, со големо задоволство ве известува дека од наредната сезона клубот ќе биде засилен со нов генерален спонзор, а тоа е компанијата Комфи Ангел. Се надеваме дека после успешниот пласман на клубот во Суперлигата, со здружени сили и нови предизвици, оваа сезона ќе имаме уште поголеми резултати”, – изјавија од Рк Прилеп.
(фото – Рк Прилеп)📷