РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност 

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) излезе со соопштение за пласманот на Македонија на Светското првенство 2025 година и им се заблагодари на сите навивачи кои беа во салата и дадоа поддршка.

“Благодарност до македонската ракометна јавност

Почитувани ракометни пријатели, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број еден ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од ЕХФ/ИХФ во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1. Женска сениорска репрезентација – ЕП 2024 (Австрија, Унгарија, Швајцарија) 28.11.2024-15.12.2024 

2. Машка сениорска ракометна репрезентација – СП 2025 (Хрватска, Данска, Норвешка) 14.01.2025 – 02.02.2025 

3. Женска младинска ракометна репрезентација – СП 2024 (Македонија) 19.06.2024-30.06.2024 

4. Машка младинска ракометна репрезентација – ЕП 2024 (Словенија) 10.07.2024- 21.07.2024 

5. Машка кадетска ракометна репрезентација – ЕП 2024 (Црна Гора)  07.08.2024- 18.08.2024 

Честитки до сите ракометари и ракометарки и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции! Вие сте наша гордост!!!

Со почит.

Ракометна Федерација на Македонија“, – стои во соопштението на РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести