Денес беше официјално потпишан договорот за продолжување на спонзорската соработка меѓу Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што поддршката на Халкбанк кон македонскиот ракомет продолжува и во 2026 година.
Соработката меѓу Халкбанк и РФМ, која успешно трае од 2018 година, претставува стабилно и долгорочно партнерство насочено кон развојот, унапредувањето и поддршката на македонскиот ракомет на сите нивоа.
“Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Халкбанк за континуираната доверба, партнерство и поддршка, кои имаат значајна улога во реализацијата на програмите и активностите на Федерацијата”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.
(фото – РФМ)📷












