Ракометната федерација на Македонија, со цел поттикнување на развојот и популаризацијата на ракометот кај најмладите категории, планира организирање на турнирски натпреварувања во категоријата помлади пионери У13, за деца родени во 2014 и 2015 година.
Првиот турнир е планирано да се одржи на 31.10.2026 година во Скопје, по што е предвидено натпреварувањата да продолжат со организација на турнири и во други градови низ Македонија.
Пријавите потребно е да се достават најдоцна до 21.10.2026 година на следните електронски адреси: handball@macedonianhandball.com.mk, mirkulovski@macedonianhandball.com.mk и ivan_iosifovski@outlook.com.

(фото – РФМ)📷








