Саду Нтази е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Нов член на Еурофарм Пелистер е ракометар кој доаѓа од школата на Пари Сен Жермен и ги мина сите младински категории на француската репрезентација.

Добредојде во Битола за Саду Нтанзи. Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер има 26 години, доаѓа во Битола од бундеслигашот Мелсунген и ќе биде еден од ретките ракометари од Франција кои играле или ќе играат во Македонија.

Тој се обврза на договор на една сезона со клубот. Нтанзи четири години беше член на ПСЖ и освои исто толку титули во шампионатот на Франција. Потоа мина една сезона во Феникс, една во унгарска Татабања, а минатата сезона настапуваше за Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија.

Покрај четирите титули со ПСЖ, со оваа екипа Нтанзи освои и еден Куп и Суперкуп, а со Мелсунген се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона, откако минатата година ја освоија Лигата на Европа.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *