Селекторот на машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави скратениот список на ракометари за претстојната ЕХФ недела.
На списокот повикани се 18 ракометари, а и пет ракометари се резерва за ЕХФ неделата. Собирот ќе се одржи на 01.11.2026 година (недела) во 14.30 часот во хотел “Александар Палас”, Скопје.
Сениорите на Македонија ќе одиграат два натпревари против Луксембург и Грција во рамки од квалификациите за следното Европско првенство.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2026/10/skraten-spisok-seniori.pdf
(фото – РФМ)📷








