Селекторот Кристијан Грчевски објави список кај сениорките

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за претстојната женска ЕХФ недела во период од 23.09.2024 до 29.09.2024 година.

На списокот повикани се 21 ракометарка. Сениорската женска ракометна репрезентација во рамки на ЕХФ неделата ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Австрија.

Натпреварите ќе се одиграат во Брегенц, Австрија на 28.09.2024 година (сабота) со почеток во 17:00 часот и на 29.09.2024 година (недела) со почеток во 14:45 часот.

Собирот е закажан за ден 23.09.2024 (понеделник), со почеток во 08:00 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/zhenska-seniorska-reprezentaczija-sobir-23092024.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *