Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа својот собир во Скопје, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство 2026.
Нашите ракометарки продолжуваат со тренинзи во пресрет на меѓународниот турнир во Турција и претстојното Европско првенство 2026 во Романија.
Во рамки на подготовките, нашите репрезентативки ќе учествуваат на меѓународен подготвителен турнир во Анкара, Турција, од 27 до 29 ноември, каде што ќе ги одмерат силите со селекциите на Финска, Италија и Турција.
(фото – РФМ)📷












