Женската сениорска репрезентација на Македонија забележа победа против селекцијата на Италија со минимални 28-27 на пријателски натпревар.
Иако селекцијата на Македонија губеше на полувреме, сепак се врати и на крај триумфираше против Италија.
Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Јована Кипријановска и Сара Ристовска со по шест погодоци, а по четири пати погодија Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска.
(фото – РФМ)📷








