Екипата на Ѓорче Петров 2, која во новата сезона ќе игра во Женската Супер лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.
Станува збор за ракометарката Симона Блажеска, која и во новата сезона ќе го носи дресот на Ѓорче Петров 2.
Ракометарката Симона Блажеска настапува на позицијата пикер и таа има 19 години и е младинска репрезентативка на Македонија.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








