Скопје 2020 го совлада Вардар Неготино

Екипата на Скопје 2020 го совлада тимот на Вардар Неготино со резултат 33-28 во натпревар од 10. коло од плеј-офот во Супер лигата.

Тимот на Скопје 2020 на пауза имаше предност од 16-14. Во второто полувреме Скопје 2020 одржуваше контрола на резултатот, па на крај да слави против Вардар Неготино.

Најефикасни во тимот на Скопје 2020 беа Мишевски и Јакимовски со по седум гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Адамовиќ со девет гола.

(фото – Рк Скопје 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.