Екипата на Славија Прага, каде настапува репрезентативката на Македонија, Ангела Јанкуловска е шампион на Чешка.
Тимот на Славија Прага во третиот натпревар, кој беше решавачки ја совлада екипата на Хазена Кинжварт со високи 33-24.
Ракометарката Ангела Јанкуловска на овој натпревар успеа да постигне девет погодоци кон противничката мрежа.

(фото – ЖРК Славија Прага)📷








