Денес, 19 октомври 2026 година во спортската сала “Расадник” се одржа собирот на женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија, со што започнаа подготовките во рамки на ЕХФ неделата, во пресрет на натпреварите од Регионалната лига У16.
Репрезентативките го одработија и првиот тренинг, а подготовките ќе продолжат во текот на неделата.
Во петок (23 октомври), по завршувањето на последниот тренинг, нашите кадетки ќе отпатуваат во Верија, Грција, каде што ќе одиграат два натпревари во рамки на Регионалната лига У16, против селекциите на Турција и Грција.

(фото – РФМ)📷








