Собир на машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа (ФОТО)

Денес, 08.06.2026 година (понеделник), во хотелот „Green Space“ во Охрид, се одржа официјалниот собир на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа.

Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации.

По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плоцк, Полска.

(фото – РФМ)📷





Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *