Екипата на Спартак забележа победа против екипата на Вардар со конечни 31-28 во Женската Супер лига.
Иако составот на Вардар парираше, сепак составот на Спартак успеа да слави победа и да ги освои бодовите.
Најефикасна во редовите на Спартак беше Сара Цветановска со десет гола, додека кај Вардар најефикасна беше Леона Миленкоска со девет гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷








