Екипата на Спартак забележа победа на гостувањето кај екипата на Стружанка со резултат 24-15 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Спартак во текот на целиот натпревар го имаше водството и на крај славеше победа против Стружанка.
Најефикасни во редовите на Спартак беа Зорица Андовска и Наталија Максимовска со по седум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Маја Раткушиноска со шест гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷