Екипата на Спартак забележа победа против екипата на Астибо со конечни 35-33 во Женската Супер лига.
Составот на Спартак на полувреме водеше со високи 22-12. Во второто полувреме продолжи со водството, па на крај да слави победа против Астибо.
Најефикасна во редовите на Спартак беше Анастасија Николовска со девет гола, додека кај Астибо најефикасна беше Мауде Ксавиер со 13 гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷








