Ракометарките на Спартак забележаа висока победа на гостувањето кај Гевгелија со високи 34-21 во Женската Супер лига.
Спартак од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така немаше проблеми околу победата против Гевгелија.
Најефикасна во тимот на Спартак беше Михаела Ангеловска со девет гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Симона Динева со седум гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷