Средба помеѓу РФМ и претставници од ИХФ за Мундијалот

Во рамки на Светското првенство за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје во период од 30 јули до 10 август, во хотелот „Хилтон“ вчера (28.07.2022) се одржа средба помеѓу раководството на Ракометната федерација на Македонија и ИХФ номинираните лица.

За време на СП ќе бидат присутни 96 номинирани лица од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), судии, делегати, супервизори и претставници од канцеларијата на Светска Ракометна Федерација (ИХФ), кои што ќе работат во рамки на Мундијалот во Скопје.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести