Старт на втората сезона од проектот “Ракомет за секое дете”

Со стартот на учебната година и од неодамна отворената школа во Населба Лисиче во Општина Аеродром, стартуваше втората сезона од проектот Ракомет За Секое Дете, чиј што составен дел е најголемата и најдобро организираната школа за ракомет во Македонија, со школи на територија на Град Скопје и Општина Велес.

Проектот кој својот старт го имаше во септември минатата година, во својата генеза има создавање услови за секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот, но и да овозможи дружење и социјализација на момчиња и девојчиња на возраст од 6 -12 години, оваа сезона 2022/23 продолжува да се развива и надградува, како од квантитативен, така и од аспект на квалитет.

Оваа сезона, покрај тренинзите кои се предвидени во две возрасни категории на повеќе локации во Скопје и Велес, со специјална програма за различни возрасти на деца, предвидено е да продолжи и Јуниор куп, турнирски систем на натпреварување во мини ракомет, наменет за членовите на школата.

– „Неодамна, на 21 септември, проектот Ракомет За Секое Дете, во организација на агенцијата КМГ Спорт, го обележи својот прв роденден, а ја отвори втората сезона на функционирање, уште помасовен, надграден и организиран со неколку новитети. Пред се, сакаме да ги потенцираме можноста за тренинзи на деца на возраст од 5,6 и 7 години, по специјални програми за развој на моторички способности, координација и агилност кои се развиваат на таа возраст, со примеси на ракометната азбука, но и предавањата кои се планирани да се реализираат во периодот кој следи, за едукација на децата и родителите на истите. Свесни сме за важноста на сегментот на здрави навики и здрава и правилна исхрана и во иднина ќе посветиме внимание. Овој проект е во организација на агенцијата КМГ Спорт, а поддржан од родителите и партнерите на истиот, на кои им сме благодарни“ – Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот Ракомет За Секое дете и менаџер на КМГ Спорт.

(фото – Ракомет За Секое Дете)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.