Екипата на Охрид во 3. коло од Супер лигата, претстојниот викенд му гостува на составот на Куманово.
Екипата работи напорно за да се врати на победите. За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Стефан Дрогришки.
“После тешкиот пораз од Алкалоид не очекува гостување во Куманово. Мораме да работиме максимално и да се вратиме на победите. Никого не потценуваме, одиме да одиграме добар натпревар за продолжување на нашите амбиции и цели”, – изјави Стефан Дрогришки.

(фото – ГРК Охрид)📷