Страхиња Симиќ: Одиме по позитивен резултат во Европскиот Куп

Екипата на Тиквеш ја очекува двомеч на домашен терен против екипата на Еш од Луксембург во 1. коло од Европскиот Куп.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тиквеш, Страхиња Симиќ, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против екипата на Еш.

„Четврта последователна сезона сме дел од Европскиот Куп и тоа само по себе доволно говори за резултатите што ги имаме постигнато во изминатите години. По одличниот старт во домашното првенство, сигурно е дека самодовербата на екипата е на едно добро ниво и така мора да продолжиме и понатаму. Имаме млада и талентирана екипа, која уште на првиот натпревар пред домашната публика покажа голем жар, борбеност и желба. Мислам дека тоа е најубавата покана за сите наши верни навивачи и симпатизери на клубот да дојдат овој викенд во салата „Јасмин“, да ја исполнат до последното место и уште еднаш од Кавадарци да испратиме вистинска и убава ракометна слика. Нè очекува тежок и неизвесен двомеч, но во Кавадарци, во нашата сала и пред нашите браќа – „Лозари“, ние се прашуваме за сè“, – изјави ракометарот на Тиквеш, Страхиња Симиќ. 

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *