Екипата на Струга забележа победа на домашен терен против составот на Куманово со конечни 30-26.
Иако на пауза беше нерешено со 13-13, сепак екипата на Струга беше подобар противник во вториот дел од натпреварот.
Најефикасен во редовите на Струга беше Петар Бугариновиќ со 11 погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Иван Димитров со 9 погодоци.
(фото – Рк Струга)📷