Екипата на Стружанка забележа висока победа против екипата на Шампион со убедливи 44-8 во Женската Прва лига.
Составот на Стружанка победата ја завери уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 22-5.
Најефикасни во редовите на Стружанка беа Еџе Сејадин и Маја Раткушиноска со по девет гола, додека кај екипата на Шампион најефикасни беа Катја Маркоска, Клара Тодоровска и Илхана Вукељ со по два гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷








