Ракометарките на Струга забележаа победа на гостувањето кај ракометарките на Шампион со конечни 26-16 во Женската Прва лига.
Составот на Струга го имаше водството во текот на целиот натпревар за на крај да слави победа против Шампион.
Најефикасна во редовите на Струга беше Матеа Димитриоска со седум гола, додека кај Шампион најефикасна беше Бојана Божиновска со четири гола.
(фото – ЖРК Струга)📷








