Екипата на Стружанка забележа победа против екипата на Деспина со резултат 26-16 во Женската Супер лига.
Тимот на Деспина добро парираше во првиот дел од натпреварот, но во вториот дел од натпреварот екипата на Стружанка одигра подобро, за победа.
Најефикасна во тимот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со 11 гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Маја Ристеска со 4 гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷