Ракометарките на Стружанка лесно се справија со Кузман Вардар за прва победа во Супер лигата, откако Стружанка славеше со убедливи 48-18.
Стружанка на овој натпревар беше фаворит, а тоа се покажа и на полувремето кога ракометарките од Струга имаа водство од 22-7. Во второто полувреме беше заверена победата против Кузман Вардар.
Најефикасна во тимот на Стружанка беше Мендувие Далипоска со десет погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Габриела Костадиновска со седум погодоци.
(фото-ЖРК Стружанка)📷