Составот на Стружанка оствари победа против Пелистер со резултат 30-20 во последното коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Стружанка добро го започна натпреварот, па на пауза замина со предност од 15-8. Во второто полувреме Стружанка имаше резултат за победа над тимот на Пелистер.
Најефикасна во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со седум погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Марија Јанкуловска со осум погодоци.
(фото-ЖРК Стружанка)📷