Екипата на Текстилец славеше на домашен терен против екипата на Партизан Гевгелија со конечни 41-35 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.
Во првото полувреме беше неизвесно, но Текстилец на полувреме замина со минимална предност од 18-17. Во вториот дел од натпреварот Текстилец успеа да го преземи водството и на крај да се радува на победа против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во екипата на Текстилец беше Стојанче Ристов со десет погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорѓе Банцалиски со 20 погодоци.
(фото-Рк Текстилец)📷