Екипата на Текстилец забележа висока и убедлива победа против екипата на Астраион со конечни 40-28 во плеј-аутот од Првата лига.
Составот на Текстилец од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да го совлада Астраион.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Јован Величков со 10 гола, додека кај екипата на Астраион најефикасни беа Христијан Ефтимов и Марко Стојанов со по 7 гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷