Екипата на Текстилец од Штип, во следната сезона ќе влезе со зголемени амбиции во Првата лига.
Тимот на Текстилец се засили со пикерот Марјан Сарашов. Сарашов кариерата ја започна токму во Текстилец, потоа играше во екипите на Македонија Ѓорче Петров, Кичево 2020, Шампион и Тинекс Пролет.
Марјан Сарашов со екипата на Текстилец потпиша договор на две години. Тој покрај играч во екипата, ќе биде дел и од раководството на тимот.

(фото – Рк Текстилец)📷