Текстилец се избори за победа против Партизан Гевгелија

Екипата на Текстилец забележа минимална победа против Партизан Гевгелија со конечни 27-26 во плеј-аутот од Првата лига.

Иако тимот на Партизан Гевгелија во второто полувреме имаше водство, сепак Текстилец направи пресврт, па на крај славеше победа.

Најефикасен кај Текстилец беше Благој Сенев со седум гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со десет гола.

(фото – Рк Текстилец)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.