Екипата на Текстилец забележа победа против екипата на Преспа со конечни 35-33 во натпревар од 1. коло од Првата лига.
Иако тимот на Преспа парираше во текот на целиот натпревар, сепак на крај на победа се радуваше составот на Текстилец.
Најефикасен во редовите на Текстилец беше Филип Џинес со осум гола, додека кај Преспа најефикасни беа Христијан Ристевски и Наум Бумбаровски исто така со по осум гола.
(фото – Рк Текстилец УГД)📷








