Екипата на Текстилец забележа убедлива победа на домашен терен против екипата на Борец со 45-21 во плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Текстилец победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 23-10.
Црвен картон поради три исклучувања заработи ракометарот на Текстилец, Драган Сенев.
Најефикасни во редовите на Текстилец беа Александар Јовановски и Мартин Стефанов со по девет гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Јован Атанасовски со 14 гола.
(фото – Рк Текстилец)📷